Шекил О’Нил: САД нема да го освојат златото на ОИ во 2028

Легендата на НБА, Шекил О’Нил во ексклузивно интервју за германски „Билд“, изјави дека европската кошарка по квалитетот ја стигнала НБА лигата и дека разликите кои некогаш постоеле веќе не се толку изразени.

О’Нил верува дека европските репрезентации сега можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите тимови во светот.

– Ги гледав натпреварите на Светското првенство во Манила и не сум изненаден што Германија ги победи САД. Кога играв бевме многу пред Европа, но тоа се смени, не стигнавте. Сигурен сум дека репрезентацијата на САД нема да освои злато на Олимпијадата во Лос Анџелес, рече тој.

О’Нил особено ја истакна Србија како нација која има потенцијал да направи големи работи на претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

– Леброн Џејмс повеќе нема да игра, веројатно нема да игра ниту Кевин Дурант или Стеф Кари. Не гледам дека тие што доаѓаат можат да ја продолжат својата доминација. Европските тимови се многу добри. Србија, Хрватска и Германија, сите можат да освојат злато на Олимпијадата во 2028 година, истакна тој.

Да потсетиме, репрезентацијата на САД славеше на неодамнешните Олимписки игри во Париз, во финалето ја победи Франција.

Пред тоа во драматично полуфинале Американците се соочија со Србија и едвај успеаја да победат. Тоа полуфинале беше доказ за напредокот на европската кошарка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО