Шефот на Ред Бул беснееше на радио во текот на трката: Хамилтон е виновен за се

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, удри по Луис Хамилтон по Големата награда на Велика Британија и судирот меѓу Британецот и Макс Ферстапен.

Хамилтон го искористи нешто послабиот старт на Макс и веднаш го нападна челното место кое Ферстапен го заслужи со вчерашната победа во спринт-квалификациите.

Дојде до контакт, при што задното десно тркало на Ферстапен се одвои од болидот, а холандскиот возач продолжи неконтролирано да лизга по патеката. Ферстапен од болидот излезе со видлива повреда на ногата, а шефот на Ред Бул ги загуби нервите додека преку радио разговараше со директорот на трката.

„Така не се вози тој свиок. Секој од возачите на патеката знае дека така не се поминува крај него. Тоа беше голема несреќа и свиок на Макс. Што се однесува до мене, Хамилтон е виновен за се, никогаш не требаш да се најде во таа позиција“, изјави Хорнер, па додаде:

„Фала му на Бога што видовме дека Ферстапен успеа само да отшета од таа несреќа. Беше потресен и замина на прегледи. Тоа беше очајнички потег на Хамилтон.