Шефот на Хас мисли дека знае кој ќе биде следниот чекор на Фетел

Четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Фетел, нема да ризикува и да премине во клуб кој ќе остварува просечни резултати.

Таква констатација изнесе шефот на Хас, Гантер Штајнер, кој верува дека попрво Фетел би се повлекол од овој спорт, отколку да се смести во потпросечен тим.

Германскиот возач како што знаеме се збогува со Ферари по завршување на сезоната која сите ја исчекуваат, а не е потврдено дали и каде ќе продолжи.

Јас не би можел да си го дозволам тоа, мислам дека и Себастијан како четирикратен шампион не би сакал да премине во тим кој ќе бележи просечни резултати. Доколку имате успешна кариера, нема да сакате премногу да ја ризикувате и да оди во надолна линија. Јас имам добар однос со него, но немам му понудено ништо. Тоа мора да биде тим кој ќе има подлабок џеб за да си го дозволи Фетел“, рече Штајнер.

Со ваква анализа од Штајнер, може да се заклучи дека Фетел доколку не добие место во Мерцедес идната сезона, тој веројатно ќе се повлече.