Шчепановиќ под голем притисок, Филиповски нов тренер на Партизан?

По само пет натпревари од новата сезона, Владо Шчепановиќ би можел да добие отказ на тренерската функција во Партизан, тврдат медиумите во Србија.

„Црно-белите“ загубија четири од овие пет меча: двата во АБА лигата, против Борац и Будуќност и два од трите во Еврокупот. Клучен ќе биде саботниот дуел со ФМП кој секогаш кога игра со Партизан има специјални мотиви за победа.

Ако не успее да победи, Шчепановиќ ќе добие отказ, а медиумите најавуваат дека ќе го наследи Сашо Филиповски. Негов последен ангажман беше оној во Монако од каде доби отказ во 2019 година. Во минатото со него постојано беше Боби Митев со кого успешно работеше во Полска, Турција и во Монако, но неизвесно е дали и овојпат ќе бидат заедно.