Шампионски крај на Хамилтон на денот на легендите

Светскиот шампион Луис Хамилтон со победа ја заврши сезоната во која ја освои петтата титула во Формула 1.

Британецот триумфираше на трката за Големата награда на Абу Даби, а со петте титули се израмни со Хуан Мануел Фанџо, додека пред нив остана само Михаел Шумахер. На крајот, Хамилтон имаше 2,5 секунди побрзо време од својот најголем ривал последните години Себастијан Фетел. Меѓу другото, возачот на Мерцедес го собори рекордот во Формула 1 освојувајќи вкупно 408 бода.

Сепак, покрај триумфот на Хамилтон, трката во Абу Даби ја одбележаа ветераните Кими Раиконен и Фернандо Алонсо. Првиот си замина од Ферари по долги години во клубот, а Алонсо ја извозе последната трка во кариерата што се однесува до Формула 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Моќен изглед: Ферари го претстави болидот за новата сезона!

„Протекоа“ големи вести за Шумахер: Со приватен хеликоптер пренесен во вилата на Мајорка

Хорнер му даде јасно предупредување на Фетел за новиот колега Леклер

(ФОТО) Во пресрет на новата сезона – Формула 1 го доби еден од најубавите болиди во историјата на спортот

Мик Шумахер сподели интересна анегдота со неговиот татко – разговор кој се уште го памети

Ферари му испрати интересна порака на Хамилтон за новата сезона

Нова заблуда или реално очекување – Фетел тврди дека Ферари сега ги има „состојките“ да го добие Мерцедес

Победите на Дакар 2019 заминаа кај Ал-Атијах, Прајс и Николаев

Ферари го победи Мерцедес надвор од патеките – Мик Шумахер дел од нивната возачка академија!