Сезоната тукушто почна, а Реал го најде наследникот на Анчелоти за идната година!?

Карло Анчелоти ја работи последната сезона од својот договор со Реал и од идното лето ќе биде селектор на Бразил, па Реал по се изгледа многу брзо ја најде замената за него.

Иако се шпекулираше со Раул Гонзалес и Јирген Клоп, на крајот изборот паднал на поранешниот играч од средниот ред на Реал, Чаби Алонсо кој во моментов го води Баер Леверкузен. Во текот на летото за него стигнала понуда од ПСЖ, но тој ја одбил, веројатно надевајќи се дека и Реал ќе се заинтересира.

Баер Леверкузен игра одлично оваа сезона и во моментов е на делба на првото место на табелата со Баерн, со по 13 бода. Единствените два бода кои ги загубија двата тима се од меѓусебниот дуел, одигран пред десет дена.