Сезоната е пред крај, Роналдо има време да ужива и во Формула 1

Викендов се игра последното коло од Серија А во кое се води битка за место во Лигата на шампионите, но не и за новиот првак кој е познат од пред еден месец.

Јувентус осма година по ред е неприкосновен, а слободното време пред последното коло го искористи за да скокне до Монте Карло каде в недела се вози Ф1 трката за Големата награда на Монако. Познато е дека секоја година таму се собира светскиот џет-сет, па Португалецот не сакаше да пропушти можност да почувствува дел од атмосферата, сега кога е на само 250 километри оттаму.

Домаќини му беа Мерцедес и Луис Хамилтон, светскиот шампион во Формула 1, а друштво му правеше и највозрасниот син Роналдо Жуниор.