Северна Кореја го откажа учеството на Олимписките игри – познати причините

Северна Кореја нема да се натпреварува на Олимписките игри годинава во Токио.

Имено, од оваа земја рекоа дека сакаат да ги заштитат своите спортисти поради пандемијата на коронавирусите.

Тие рекоа дека информацијата е официјална и дека нема да има промена во одлуката.

„Севернокорејскиот олимписки комитет донесе одлука да не учествува на Олимписките игри за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од коронавирусот“, соопшти земјата.

Интересно, Северна Кореја во моментов е земја која нема случаи на КОВИД 19.

Претходно се шпекулираше дека Јужна и Северна Кореја ќе номинираат заедничка кандидатура за домаќин на Олимпијадата во 2032 година, но сега веројатно нема ништо со тоа, со оглед на тоа што се очекува односите да бидат дополнително нарушени поради одлуката на Северна Кореја.