Сетијен: Вчера со кравите, денеска во Барселона

Барселона имаше интензивни 24 часа, прво се случи отказ за Ернесто Валверде, а денеска се случи и промоција на новиот тренер Кике Сетијен.

Сетијен денеска беше официјално промовиран во Барселона и веќе испрати јасни пораки за неговата идна работа.

Сакам да им се заблагодарам на луѓето во клубот за оваа шанса. Ни во најлудите сонови не може вда замислам дека ќе бидам тренер на Барселона. Возбуден сум поради предизвикот кој ме чека. Вчера шетав покрај кравите, денеска сум во Барселона, ќе го водам најдобриот клуб во светот“.

Сетијен потпиша договор со каталонскиот клуб до 30 јуни 2022 година.

„Мојата желба е да освоиме се што можеме. Во овој клуб и не може да биде поинаку. Ќе се обидам да форсирам добар фудбал. Сакам да му се заблагодарам и на Валверде за досегашната работа, тој клубот го водеше на прва позиција“, истакна Сетијен.