Сетиен сам се минира: Нема што да му се правдам или извинувам на Гризман!

Барселона синоќа повторно се лизна во еден натпревар каде испушти бодови, овој пат во дербито против Атлетико Мадрид (2:2).

Сега доколку Реал победи следното коло, ќе оди далеку понапред со +4 и потоа титулата за Барса ќе изгледа скоро па недостижна.

Но Сетиен е човекот кој се повеќе го навлекува гневот на фановите, пред се поради неговите одлуки кои не ги оправдуваат.

Тој синоќа го задржа цел натпревар Антоан Гризман на клупа, за да го стави дури во 90 минута и да му даде само четири минути шанса.

По натпреварот даде доста интересна изјава: „Немам зошто да се правдам или да му се извинувам на Гризман, но ќе зборувам сигурно со него на следниот тренинг. Такви беа околностите за овој натпревар, затоа го задржав на клупа. Тој е важен играч и јасно ми е дека може се чувствува лошо и разочарано, не е точно дека немам доверба во него, но пак би рекол, не се извинувам никому“, рече Сетиен.