Сестрата на Роналдо удри по Ван Дајк: Што освои ти во Премиерлигата? Ништо!

Сестрата на Кристијано Роналдо, Катиа Авеиро, го нападна фудбалерот на Ливерпул, Виргил Ван Дајк, кој синоќа со изјава го испровоцира Роналдо.

Откако Роналдо не ја освои златната топка а извиси и самиот Ван Дајк, фудбалерот на Ливерпул истакна дека не знаел дека Роналдо е кандидат за таа награда, алудирајки со иронија во тој коментар.

Виргил, каде и да одиш, Кристијано е подобар од тебе 1000 пати. Види, тој Кристијано беше три пати шампион во првенството во кое ти играш сега, тој беше најдобар стрелец таму. Попатно, беше многу помлад од тебе, Кристијано стана и најдобриот играч во Реал Мадрид, ти зборува ли тоа нешто? Во тој клуб тој тебе те победи во ЛШ финалето, тој има 5 златни топки за разлика од тебе, ја победи твојата Холандија во финалето од Лигата на нации. Кога ти ќе ставиш раце на трофеј во Премиерлигата, тогаш ќе зборуваме“, порача Катиа.