Сери по потписот со Еурофарм Пелистер: Задоволен сум што ќе живеам во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер денес промовираше уште едно ново име во своите редови за кое веќе од претходно беше познато дека се обврза на верност кон клубод од Битола.

Станува збор за левиот бек од Франција, Руди Сери кој ги сподели првичните впечатоци по пристигнувањето во новата средина.

„Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола.

За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите.

Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил