Серхио Рамос се чини ја донесе конечната одлука – пресврт во цела ситуација

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, наводно, решил да потпише нов договор со клубот што е пресврт на ситуацијата со оглед на тоа што речиси сигурно беше неговото заминување од клубот.

Според шпанските медиуми, Рамос договорил нова соработка со Кралевите и ќе потпише нов договор до 2023 година.

Должината на договорот беше проблем што се закочи цела работа. Рамос побара двегодишен договр, а претседателот на клубот Флорентино Перез понуди едногодишен договор.

Преговорите меѓу двете страни траеја доста долго. Во меѓувреме, Рамос се поврзуваше со многу други клубови, но се чини дека на крајот нема да има ништо од заминувањето.

Перез, наводно, се согласил на нов двегодишен договор за Рамос и сè треба да стане официјално наскоро.

Рамос е член на Реал Мадрид од 2005 година. Тој освои апсолутно сè со овој тим, и постигна 66 гола на 668 одиграни натпревари.