Серена: На чекор сум да полудам, ќерка ми се закашла, јас и се налутив!

Освојувачот на 23 Грен слем трофеи, Серена Вилијамс, истакна дека до пред неколку дена не била свесна за опасноста која демне со Корона вирусот.

Таа раскажа приказна за нејзината ќерка, како и се налутила што девојчето се закашлало.

Во еден момент ќерками се закашла, а јас и се налутив и ја погледнав на криво, а потоа ми стана тешко поради тој потег. Ја прашав дали е добро, дали е се во ред со мојата ќерка, што можам да сторам за неа…“.

„Ништо не можам да сторам, така да наместо да сум опуштена, јас во една ваква ситуација сум под стрес. Не ни очекував да бидам опуштена, што е тука е, ќе го пребродиме сето ова, на чекор сум да полудам“, рече Серена Вилијамс.