Сепак си легна на брашното: Ѓоковиќ се вакцинирал?

Новак Ѓоковиќ по се изгледа е вакциниран, така тврдат барел дел од медиумите во соседството.

Се разбира, тенисерите почнаа да размислуваат за вакцина, откако организаторот на Австралија Опен, се закани дека нема да може да гостуваат во Мелбурн без две вакцини.

Прво се појави тоа како правило, за подоцна домаќинот да ретерира од тоа и како да сакаше да го ублажи сето тоа последните денови.

Но доколку е вистина и Новак Ѓоковиќ е вакциниран, тој без проблем ќе биде повторно дел од АО и ќе биде прв фаворит.

Новак Ѓоковиќ деновиве допатувал во Франција, без проблеми, а бидејки сите мора да одработат 10 дневен карантин при влез во таа земја, медиумите во соседството веќе веруваат дека Ѓоковиќ примил вакцина.