Сепак, ништо од договорот: Борусија бара премногу пари за Санчо

Иако во текот на вчерашниот ден британски медиуми објавија дека трансферот на Џејдон Санчо на Олд Трафорд е завршена работа, од Германија демантираат такво нешто.

Според нив, бундеслигашот не е задоволен од понудата што е испратена од Манчестер Јунајтед, а која изнесува 78 милиони евра. Од Дортмунд не сакаат да слушнат за ништо помалку од 90 милиони веднаш и уште пет во бонуси со тоа што отптетата ќе се исплаќа во пократок период од оние пет години кои ги бараше Јунајтед.

Ако нешто не се смени, Санчо и ова лето ќе остане пуста желба за најтрофејниот англиски клуб. Сепак, мора да се истакне дека лани Борусија за него бараше 107, а сега 90 милиони евра, a ако сега не дојде до трансферот, идното лето оваа сума ќе биде уште пониска бидејќи договорот меѓу Санчо и неговиот клуб е со важност до 2023 година.