Сепак, барањето на Наполи за финалето од Купот против Јувентус – одбиено!

Денеска конечно и официјално беше потврден датумот на натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи во Суперкупот.

Иако од Наполи побараа да се одложи тој натпревар за крај на сезоната, од тоа нема ништо, бидејки мечот ќе се одигра на 20 јануари.

Т.н барање на Наполи е отфрлено, а Де Лаурентис се обиде со разни причини да го одложи натпреварот, меѓутоа тоа не му појде од рака.

Натпреварот се игра за една недела, па ќе биде интересно да се проследи кој тим ќе го освои трофејот.