Сензационалната пол-позиција на Ленс Строл под истрага од стјуардите на ФИА

Ленс Строл обезбеди најбрзо време и пол-позиција во мешаницата денеска попладне во Турција, каде имаше неверојатно измешан и неочекуван поредок.

Мерцедесите не се ни во топ5, што е секако само по себе изненадување, а уште повеќе тоа што Ленс Строл обезбеди најбрзо време во целата таа мешаница на влажната патека.

Но таа пол-позиција е под знак прашалник, бидејки стјуардите утврдиле прекршување на правилата во квалификациите и сега тоа ќе се одлучува на зелена маса.

Наводно стјуардите на патеката воочиле дека Ленс Строл при најбрзиот круг не забавил доволно во свиокот број 7 иако во тие моменти имало жолто знаме на патеката.

Доколку се докаже вина, Строл ќе ја загуби пол-позицијата и најверојатно ќе стартува неколку позиции подолу, а во тој случај од пол-позицијата ќе стартува Верстапен.