Сензација во Токио: Ѓоковиќ пак остана без златото!

И на Олимписките игри во Токио, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да го освои златниот медал во сингл.

Иако беше доминантен до четвртфиналето, во полуфиналниот меч Србинот загуби од Александер Зверев од Германија со 1-2 откако го освои првиот сет со 6-1. Тоа беше се од првиот светски рекет кој во следните два сета освои вкупно четири гема. Последниот сет беше вистинско понижување за Ѓоковиќ бидејќи тој му припадна на Зверев со 6-1.

Во мечот за титулата, Германецот ќе се сретне со Карел Хачанов од Русија, а Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде барем до бронзата против Карено Буста од Шпанија.