Белгискиот снукер играч Лука Бресел ја освои првата титула светски шампион, откако во финалето во Шефилд го совлада домашниот натпреварувач Марк Селби со 18:15 во рамките.
Бресел на тој начин стана првиот светски шампион кој доаѓа од континентална Европа, а како победник освои 500.000 фунти.
Селби не е единствениот поранешен светски шампион кој му се поклони на практично анонимниот Бресел, бидејќи Белгиецот пред него го победи и легендарниот Рони О’Саливен.
О’Саливен водеше со 10:6, но Лука направи пресврт со 7:0 до 13:10. Така тој во полуфиналето направи голем пресврт против уште еден анонимен играч Јахуи Си губејќи, а потоа врза дури 11 фрејмови, што е невидено во историјата на овој спорт.
На патот до титулата, фантастичниот Бресел ги победи Рики Волден, Марк Вилијамс, Рони О’Саливен, Си Јахуи и на крајот Марк Селби за првата белгиска светска титула во снукер.