Сензација во Шпанија: Реал Мадрид испадна од доигрувањето за шампион

Кошаркарите на Реал Мадрид нема да ја одбранат шпанската титула!

Поразот во групата од Сан Пабло Бургос и Морабанц Андора му се удрија од глава на мадридскиот тим кој вечерва со големо внимание го следеше дуелот меѓу Валенсија и Гран Канарија, а на „кралевите“ и одговараше само победата на тимот од Канарските острови.

Сепак, Валенсија, која го игра овој завршен турнир во својата Ла Фонта, не остави ништо случајно, па затоа ја скршија Гран Канарија со одлична напаѓачка кошарка и го нокаутираа Реал од полуфиналето.

Реал ќе поминеше доколку Гран Канарија победеше затоа што во тој случај мадридскиот тим и Валенсија би имале ист сооднос, а Реал претходно успеа да го добие тимот што е домаќин на овој турнир.

Паровите од полуфиналето се веќе јасни, Валенсија ќе ја пречека Басконија, а Барселона со најпријатното изненадување на турнирот, екипата на Сан Пабло Бургос.