Во францускиот Куршевел и Мерибел во тек е Светското првенство во алпско скијање, а како што често се случува на големите натпреварувања, на овој шампионат бевме сведоци на голема сензација, можеби најголема во последните неколку години кога е алпското скијање во прашање.
Најдобрите скијачи на денешницата се бореа за медали во супервелеслалом и видовме сензационален шампион.
26-годишниот канадски скијач Џејмс Крафорд го освои светското злато во супервелеслалом со време од 1:07.22 минути.
Споменатиот скијач никогаш во кариерата нема постигнато победа во Светскиот куп, одвреме-навреме имаше пласмани во ТОП 10, почесто во ТОП 20, но денеска го изненади скијачкиот свет во трката на кариерата.