СЕНЗАЦИЈА: Фетел останува во Ф1: Германецот ги изненади сите со изборот на новиот клуб

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел ќе остане во Формула 1 и следната сезона откако стави потпис на договорот со тимот на Ресинг Поинт, кој ќе се ребрендира како Астон Мартин Расинг од 2021 година.

Од Ресинг Поинт велат дека договорот на 33-годишниот возач, која е за „2021 година и пошироко“, „е јасна изјава за амбицијата на тимот да се етаблира како едно од најконкурентните имиња во овој спорт“.

„Задоволен сум што конечно ја споделувам оваа возбудлива вест за мојата иднина“, рече Германецот и додаде:

„Јас сум крајно горд што можам да кажам дека ќе станам возач на Астон Мартин во 2021 година. Тоа е нова авантура за мене со вистинска легендарна автомобилска компанија. Импресиониран сум од резултатите што тимот ги постигна оваа година и верувам дека иднината изгледа уште посветла“.