Семејството на Коби Брајант доби 16 милиони долари поради објавени фотографии од несреќата

Округот Лос Анџелес ќе мора да плати 16 милиони долари на семејството на Коби Брајант поради објавени фогографии во јавноста. од местото на хеликоптерската несреќа и загинатите лица меѓу кои беа поранешниот кошаркар и неговата ќерка Џана.

Симболично е тоа што одлуката е донесена на роденденот на Коби, 24 август. Неговата сопруга Ванеса го тужеше Лос Анџелес затоа што фотографиите ги направиле и објавиле заменици на шерифот на округот и пожарникари. Федералниот суд ја донесе одлуката поради изјавите на Ванеса Брајант дека имала напади на паника кога дознала дека има фотографии и дека тие се споделуваат во јавност. Таа бараше компензација од 75 милиони долари, но судот нешто повеќе од петина од таа сума.

Исто така, одлучено е Кристофер Честер, кој во истата несреќа ги загуби сопругата Сара и ќерката Пејтон, да добие 15 милиони долари.

По судската одлука, Ванеса Брајант се огласи на социјалните мрежи со фотографија со Коби и Џана: „Се за вас, ве сакам! Правда за Коби и Џиџи“, напиша таа.