Селекторот Симовски го објави списокот на ракометарки за баражот за СП

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски, денеска го објави опширниот состав на ракометарки на кои ќе смета за бараж мечевите против Словенија за пласман на следниот Мундијал, во Јапонија.

Првиот предизвик за избраничките на Симовски ќе се одигра на 2 јуни во Скопје, додека реваншот ќе биде закажан за 6 јуни, на гостински терен.