Селекторот на Словенија: Одлична Македонија, знаевме дека ќе биде тешко

Словенија важеше за голем фаворит во пресрет на натпреварот со Македонија, но на теренот не изгледаше баш така. Нашата репрезентација делуваше храбро, квалитетно и полетно, играше брз ракомет и добро се држеше против фаворитот. На крајот, недостатокот на искуство се покажа како пресудно.

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, призна дека Македонија го изненадила, иако знаел дека ќе биде тежок меч.

„Македонија одигра одличен меч, максимално ни ја отежнаа работата. Ние покажавме нервоза, но исто така и дека сме добар тим. Игравме балканско дерби, а со тоа знаевме дека ќе биде тешко. Јас сум задоволен од освоените бодови и победата, ова е прв меч на шампионатот, моите играчи покажаа енергија и борбеност, а недостасуваше само ефикасност пред противничкиот гол. На Македонците им посакувам многу среќа на следните натпревари, а ние ќе се обидеме да одиграме подобро на следниот натпревар“, изјави Врањеш.