Репрезентацијата на Словачка денеска и воедно до сега на ЕП, го направи најголемото изнанедување, добивајки ја фаворизираната селекција на Белгија.
Селекторот на Словачка, Франческо Калцона, по победата, истакна дека е воодушевен од резултатот и дека ова им дава за право да се надеваат на нокаут фаза.
– Воодушевен сум од победата, моравме да извлечеме дополнителни резерви во вториот дел, но тоа беше и за очекување со оглед на силината на противникот.
Словачка во Франкфурт ја победи Белгија со 1:0 во првото коло од групата Е на ЕП.
– Ова е исклучително важна победа за нас, за мене лично, момците одработија фантастично, секој ден се се подобри, ја заслужија оваа победа. Ние сме мала земја, но многу фанови дојдоа да не поддржат, порача Калцона.