Селекторот на Шведска: Ја посакувавме Чешка, не Македонија, мора да го запреме Лазаров

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот, ќе го има својот прв предизвик на новиот ракометен Мундијал, кој годинава се одржува во Египет.

Нашата репрезентација низ иглени уши се проби до петтиот последователен Мундијал во ракомет, но начинот на кој дојдовме до овде е веќе заборавен, сега мислите и фокусот се на Шведска.

Шведска која кубури со недоволната екипираност, или отсустноста на повеќе важни играчи од првиот тим, им создава проблем за вечерашната средба, бидејки ги знаат квалитетите на Македонија, а тоа го истакна и нивниот селектор Солберг.

„Посакувавме Чешка да биде нашиот ривал, за нив подолг период се подготвувавме, а сега немаме доволно време да се подготвиме за Македонија. Но не може ништо да се смени, но мора да најдеме решение за нив и за нивниот капитен Кире Лазаров“, истакна Глен Солберг.

Натпреварот се игра вечерва од 20:30 часот.