Матијашевиќ: Не враќаа од салата, од тренинзи, ни ја исклучуваат климатизацијата на 40 стеепени

Македонската одбојкарска репрезентација на заминување на првото ЕП во Словенија, денес имаше обраќање пред медиумите.

Селекторот Никола Матијашевиќ не можеше, а да не се пожали на третманот кој што го имаа во Скопје каде што неколку пати остаа без термин за тренинг, како и слични пропратни проблеми:

„Не можам да игнорирам за тоа што се случуваше во Скпоје. Да не беше тажно ќе беше смешно. Многупати се запрашав на кого му пречиме со успехот, со нашите резултати, па нè враќаа од салата, од тренинзи. Да одиме ние во сала, а таму момчиња и девојчиња играат кошарка, па потоа да ни ја исклучуваат климатизацијата на 40 стеепени… Многу несериозно и тажно“, истакна Матијашевиќ и додаде:

„Простете што морав да бидам вака некоректен, но не смеам тоа да го игнорирам, иако имаше и многу убави работи. Сè беше добро освен 15-те дена во Скопје каде што во прашање беше договорен турнир во мај, каде настапуваат селекциии договорени од февруари, од рангот на Шпанија и Србија во кошарка или од Германија и Италија во фудбал“.