Селекторот Брестовац направи три измени за дуелот против Грција

Нашата ракометна репрезентација утре во Струмица ја пречекува репрезентацијата на Грција во рамките на квалификацискиот меч за ЕП2020.

Откако остваривме тешка победа против Турција во Ескишехсир, сега на ред е Грција, со која ќе играме во Струмица пред 1.500 плублика.

Брестовац направи три смени или рокади во составот, на местото на Столе Стоилов, кој пред два дена имаше операција, ќе настапи Горан Крстевски, додека на местото на Кукоски замена ќе биде Дарко Димитриевски, а Мартин Серафимов на местото на Томи Јагуриновски.

Мечот се игра во салата „Парк“ од 18 часот. Ова ќе биде одлична прилика на нашите ракометари да демонстрираат класа над Грција и да им се одолжат за поразот во Кожани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец

Голема трагедија во Полска: Ракометарка од Русија се удави во езеро

Конечно: Ракометарите на плажа на последниот меч до прва победа

Голот на Металург ќе го брани екс чуварот на Вардар