Секс скандал ја тресе Шпанија: Тројца фудбалери се соочуваат со затворска казна

Според пишувањата на „Мундо Депортиво“, напаѓачот на Еибар Серхи Енрих и дефанзивецот на Рајо Ваљекано Антонио Луна, би можеле да завршат пет години в затвор!

Причината е видео снимка со експлицитна содржина, на која споменатите тројца фудбалери имаат односи со една жена, која може да се чуе како изговара „престанете, не го правете тоа“, за време на снимката.

Се се случило додека Луна играл во Еибар со Енрих, а се верува дека зад камерите бил играчот за врска на Албасете Еди Силвестре Пасквал, кој во тоа време исто така бил член на баскискиот тим.

На споменатиот Силвестре Паскал му се закануваат три години зад решетки, а сите тројца се обвинети дека направиле видео снимка без дозвола на жртвата, додека Енрих и Луна исто така се обвинети дека делеле слики со цел да се погрижат видеото да стане вирално.

На сите покрај затворските ќе им бидат изречени и парични казни.

Двајцата играчи изјавија дека длабоко жалат поради сето ова и дека видеото се појавило во јавност без нивно знаење.

Целиот инцидент се случил во октомври 2016. година, а наскоро се очекува и судење на судот во Сан Себастијан.