Секоја чест: Навивачите на Аталанта се вклучија во изградба на привремена болница

Италија и понатаму е во хаос поради ширењето на корона вирусот, најтешко се погодени луѓето во областа Ломбардија, односно во Бергамо и Бреша.

Во Бергамо, каде има некои 120.000 граѓани, до сега се регистрирани фрапантни 7.500 случаи со КОВИД19.

Сите се сложни во тој град, градоначалникот на Бергамо апелираше да има солидарност од сите страни за време на оваа човечка катастрофа.

40.000 луѓе од Бергамо отпатуваа во Милано пред неколку недели каде го проследија мечот со Валенсија, а биолошката бомба на тој град почна токму од таа вечер.

Но ситуацијата и понатаму е драматична и тешка во Бергамо, капацитетите на болницата се полни и се е потешко да бидат сместени сите заразени.

Свој допринос вложија и добар дел од навивачите на Аталанта, кои сега во голем број се сплотија со цел да помогнат да се изгради привремена болница за луѓето заразени од КОВИД19.