Секој по нешто го мачи, а Сари има еден проблем: Ме нервира тоа што Меси е еден чекор пред Кристијано

Капитенот на Барселона, Лео Меси, кон крајот на минатата календарска година, ја освои својата 6-та златна топка.

На тоа реагираше и тренерот на Јуве, Маурицио Сари, кој делува заштитнички кон својот играч Кристијано Роналдо.

Тој смета дека го мачи фактот што Меси е еден чекор понапред со споменатата награда пред Кристијано Роналдо.

Навистина би сакал да му помогнам на Кристијано Роналдо да освои и шеста златна топка. Ме нервира фактот што знам дека Меси има една награда повеќе од Кристијано. Мислам дека можам да му помогнам и дека во следниот период тоа треба да биде мојата цел, како и на тимот, тој тоа го заслужува“, истакна Сари.

Многу од навивачите на Јувентус нема да се согласат со констатацијата на Сари, пред се бидејки тимот треба да биде на прво место, а не поединци.