СЕХА лигата продолжува – Вардар и Еурофарм Пелистер ги дознаа ривалите за 1/4финалето

Извршниот комитет на СЕХА лигата на последниот состанок донесе одлука за продолжување на регионалните натпревари за сезона 2021/22, но со прескокнување на групната фаза.

Тоа значи дека пред Ф4 турнирот закажан за почетокот на септември ќе се одиграат сите четвртфиналните натпревари.

Вардар, во четвртфиналето за противник ќе го има Нексе. Ќе се игра еден меч чиј домаќин ќе биде Вардар. Дуелот ќе се игра во периодот меѓу 8 и 25 август.

Четвртфинални двојки: Татран Прешов – Веспрем; Вардар – Нексе; Војводина – Загреб и Еурофарм Пелистер – Мешков Брест