Сега е и повеќе од јасно, Роналдо може да оди само во еден клуб

Веќе подолго време се шпекулира за иднината на Кристијано Роналдо и неговото потенцијално напуштање на Јувентус ова лето.

Португалецот наводно не е среќен и задоволен во Торино, а со враќањето на Масимилијано Алегри шансите за негово заминување се уште поголеми, а како главни клубови каде би можел да ја продолжи кариерата се споменуваа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Но, според најновите информации, „Црвените ѓаволи“ не се заинтересирани за да го вратат Португалецот во своите редови.

Имено, како што е познато од денес, Џејдон Санчо постигнал договор околу личните услови со Јунајтед на кого сега му преостанува да се договори со Борусија Дортмунд.

Истовремено, локалните медиуми во Манчестер ставија точка на гласините дека Роналдо би можел да се врати на „Театарот на соништата“, па се поставува прашњањето каде Португалецот би можел да заигра следната сезона?

Јувентус ќе мора да го продаде поради огромната плата, а и фактот дека влегува во последната година од договорот, така што се навестува на разделба.

Во секој случај, ПСЖ сигурно ќе биде опција за Португалецот, иако многу ќе зависи од потенцијалниот расплет со новиот договор на Килијан Мбапе. Тој и понатаму одолговлекува, се ќе се пролонгира до завршувањето на ЕП, кога ќе донесе одлука дали останува или ПСЖ ќе го продаде во Реал.

Со прост систем на елиминација се доаѓа до заклучок дека единствено Париз би можел да биде следата дестинација за Кристијано Роналдо.