Сега е готово, Валтери Ботас го напушти Мерцедес

Финскиот возач Валтери Ботас од следната сезона ќе вози за екипата на Алфа Ромео.

Како што беше и најавено, Валтери Ботас повеќе нема да вози за Мерцедес. По пет сезони, нивното партнерство е завршено и тој ќе го замени Кими Раиконен од 2022 година во кокпитот на Алфа Ромео со кој потпиша повеќегодишен договор.

Самото тоа значи дека Алфа Ромео има сериозни планови со Финецот и ќе биде интересно да се види какви ќе бидат нивните домети во следните сезони.

Сега се очекува соопштението на Мерцедес, односно да ги обвистинат бројните најави и шпекулации и да го промовираат талентираниот Џорџ Расел како свој нов возач кој со Луис Хамилтон ќе го сочинуваат тандемот Британци во редовите на германскиот тим.