Се заврши трагично: Навивачи на Коринтијанс и Сантос се степаа – падна и жртва

Фудбалерите на Коринтијанс во осминафиналето од купот на Бразил, го победија тимот на Сантос со 4:0 во едно од најголемите дербиња на јужноамериканскиот фудбал.

Но покрај убавиот натпревар и головите, по мечот се случи нешто кое фрли дамка на целата фудбалска претстава.

По натпреварот дојде до масовна тепачка помеѓу навивачките групи на двете екипи, во која животот го загуби еден млад навивач.

Се уште не е познато од која навивачка екипа е момчето кое го извлече најдебелиот крај, но очигледно е дека сето ова заврши трагично и еден млад живот згасна.