Љубителите на УФЦ први можеа да уживаат во својот омилен спорт бидејќи по долга пауза, се одржа турнирот на кој требаше да учествува и Хабиб Нурмагомедов.
Дагестанецот не успеа да најде начин да допатува до Џексонвил, местото каде се одржуваше турнирот, па неговото место го пополни Џастин Гатје кој излезе вистински јунак на вечерта. Во петтата рунда тој го совлада фаворизираниот Тони Фергусон и сипривремено си го обезбеди УФЦ појасот во лесна категорија.
Tony Ferguson just got destroyed by Justin Gaethje #UFC249 pic.twitter.com/gGVuBTEYhL
— DailySportsDosage (@SportsDsd) May 10, 2020
Со тоа го симна Нурмагомедов од тронот, но и дополнително го одложи неговиот дуел со Фергусон, кој УФЦ неуспешно се обидува да го организира веќе четири пати. Гатје го забележа 22. триумф во кариерата во која има и два пораза.