Се враќа животот во Италија: Јувентус ги враќа своите странски фудбалери

Иако пандемијата со корона вирусот и натаму беснее, во Италија се посериозни се најавите дека за 15-20 дена сето ова ќе помине и животот ќе се врати во нормала.

Кошаркарската лига ја откажа сезоната, но Серија А уште не го направила тоа и ги прави сите напори да го доврши првенството. Како резултат на тоа Јувентус веќе планира идната недела да ги врати своите странски фудбалери кои на почетокот од кризата ја напуштија Италија и заминаа во своите земји.

Пјаниќ, Игуаин, Коста, Роналдо и другите би требало најдоцна за седум дена да пристигнат во Торино, а потоа ќе се прават планови за продолжување на сезоната. Инаку, Матуиди и Ругани уште се позитивни на корона вирусот, а изгледа болен е и Пауло Дибала, па прашање е дали тие ќе можат да тренираат со полн интензитет.