Се враќа „озогласениот“ директор на Формула 1

Претседателот на ФИА, Мохамед бен Сулајем, навести дека поранешниот директор на трките во Формула 1, Мајкл Маси, би можел да се врати во спортот.

Маси е сменет во февруари, по истрагата за начинот на кој ја водеше последната трка во минатата сезона за Големата награда на Абу Даби во декември, во која беше одлучен и шампионот.

Тој правеше контроверзни одлуки, ги заобиколи правилата и им дозволи само на возачите кои беа меѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен да ги надоместат своите позиции во пресрет на последниот круг. Ферстапен имаше свежи гуми и без проблеми го претекна Хамилтон, кој се бореше за рекордната осма титула.

Во Мерцедес беа лути, се заканија и со тужба, но се откажаа, а по истрагата за случувањата на трката, ФИА пресуди дека Маси погрешно ги применил правилата.

„Не сум се ослободил од Мајкл. Беше преоптоварен со работа, делегат за безбедност и директор на трките. Погреши. Не рековме дека тоа е крај за Маси во ФИА. Не го познавам добро. Одлуката за смена ја донесе Светскиот совет. Тоа беше човечка грешка која Мајкл ја направи“, изјави Бен Сулајем.