Се влошува здравствената состојба на легендата: Пеле повторно в болница!

Последната година, бразилската фудбалска легенда Пеле повеќе време помина в болница, отколку дома, а така ќе биде и во следниот период.

При рутински прегледи, воочено е присуство на уринарна инфекција поради што Бразилецот подолго време ќе остане на лекување. Докторите прават се тој да биде во што е можно подобра здравствена состојба, но постојано се јавуваат нови проблеми.

Се почна со операцијата на колкот по која и потешко оди, а во септември му беше отстранет тумор на дебелото црево и оттогаш редовно оди на хемотерапија во Сао Паоло.