Се сврте тркалото: Нејмар ги дочека своите пет минути, падна и тужба

Ситуацијата во која бразилскиот фудбалер можеше да плати скапо, сега доби пресврт.

Бразилската манекенка е обвинета за измама и изнуда, по тврдењата дека фудбалерот на ПСЖ Нејмар ја силувал.

Манекенката Нажила Триндаде и нејзиниот поранешен маж Естивенс Алвес обвинети се дека ја лажеле полицијата и се обиделе да го уценат фудбалерот, пренесуваат британските медиуми.

Алвес е обвинет за откривање на еротската содржиња која се појави на интернет.

Триндаде на полицијата во Сао Пауло изјави дека инцидентот се случил во мај во еден париски хотел.

Нејмар ги негираше тврдењата и рече дека нивниот однос бил доброволен од двете страни.

Случајот беше отфрлен кон крајот на јули, а полицијат наведе дека нема докази против 27-годишниот Бразилец.

Обвинителството во Сао Пауло наведе дека Триндаде не претставила ниту еден доказ кој тврдела дека го има, дека единствената повреда е забележана на нејзиниот прст и дека медицинската документација не може да докаже дека била силувана.