Се спукаа „браќата“: Новак Ѓоковиќ не може да игра на турнирот во Црна Гора?

Политиката дебело загриза во спортот на овие простори, за тоа најдобро сведочи тензијата меѓу „братскиот народ“ на Србија и Црна Гора, две држави кои до пред десетина години беа во заедничка и сопствена држава.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше во план да направи турнеја на неколку турнири по Балканот, вклучително и Црна Гора, но тамошниот турнир Адриа Тур, по се изгледа ќе биде откажан.

Владата на Црна Гора донесе уредба, односно согласност да не пушта тенисери од Србија, нешто кое прави сега проблем за евентуалниот спектакл и гостувањето на Новак Ѓоковиќ во Црна Гора.

Последните година две, Србија и Црна Гора имаат сериозен, обилен проблем меѓу црквите, односно жариште на нивното нетрпение е конфликтот за храмот Василије Острошки, а сега сета таа нетрпеливост и тензија се префрла и рефлектира и во спортот.

Доколку турнирот во Црна Гора сепак се одржи, постојат индиции дека доколку на Новак Ѓоковиќ му биде забранет влез, на турнирот во знак на поддршка кон српскиот тенисер, нема да присуствуваат и сите поканети тенисери.