Се сменија работите: Погба уште пет години во Јунајтед!

Најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата, Пол Погба нема да ја смени средината и покрај тоа што долго беше во конфликт и со навивачите и со управата.

Британските медиуми објавија дека е постигнат договор за продолжување на соработката што ќе биде официјализирано непосредно по завршувањето на Премиер лигата. Погба ќе добие и подобри услови, односно неговата годишна плата од 16,6 ќе биде зголемена на 20 милиони евра што е неделно околу 385 илјади евра.

Нејасно е како дојде до овој пресврт иако медиумите тврдат дека тоа е резултат на одличната соработка и комуникација на Погба со Бруно Фернандес кој го препороди Јунајтед. Со нив во средниот ред, тимот ќе се обиде идната сезона да се вмеша во бората за шампионската титула.