Се случува и тоа во спортот – Грција вечерва и направи огромна услуга на Македонија

Селекцијата на Грција вечерва направи уште едно изненадување, одигра нерешено против силниот Исланд во Кожани (28:28), резултат кој никој не го гледаше пред натпреварот.

Буквално овој кикс и одговара на нашата репрезентација, бидејки со загубените бодови во Кожани на Исланд и доколку ние ја победиме Грција на 16ти во Струмица, Македонија ќе биде прва во нашата група.

Со триумфот во Турција, Македонија е прва на табелата со 7 бодови и обезбеден пласман на ЕП, но првото место во групата 3 ќе мора да го потврдиме со победа против нашите јужни соседи.