Се случи тоа што се шпекулираше: Двоецот на Мерцедес се разделува

Денеска беше потврдено дека од следната сезона, Валтери Ботас заминува од Мерцедес, со што стана јасно дека Луис Хамилтон ќе добие нов колега.

Претходните денови се шпекулираше со заминување на Ботас од Мерцедес, а тоа денеска и се потврди. Тој од следната сезона ќе вози за Алфа Ромео.

По објавата на веста, Луис Хамилтон му испрати порака на актуелниот колега.

Неизмерно сум горд поради соработката со Валтери Ботас за овие 5 години. Заедно бевме дел од тимот кој донесе чети ри титули во конкуренција на конструктори. Се мотивиравме еден со друг низ сите успони и падови. Неговата брзина е импресивна, но и човечноста кај него ме воодушевуваше. Ајде да ја завршиме силно оваа сезона и да ја освоиме осмата титула за тимот“, порача Луис Хамилтон.

Ботас во Алфа ќе го наследи Кими Раиконен, кој заминува во пензија. Неговото место во Мерцедес според сите најави, треба да го преземе Џорџ Расел.