Се случи ли вечерва грабеж во Леверкузен: Оштетена ли е Украина во 93. минута?

Репрезентацијата на Италија успеа некако да се протне и да се пласира на ЕУРО24 вечерва.

Со освоените четири бода во последните два меча, победа против Македонија и вечерашното реми со Украина во Леверкузен, Италија е патник во ЕП.

Но на оваа средба имаше крајно спорен момент во судиското надополнување, кога над Мидрик во казнетиот простор на Италија беше направен фаул, за кој цела Европа смета дека е очигледен грабеж.

Ова се се случуваше во судиското надополнување и доколку се случеше да добијат домаќините пенал и го реализираа, Украина ќе беше патник кон ЕП24.