Се случи и тоа – Обрадовиќ го напушти Фенербахче

По седум години верност, Жељко Обрадовиќ синоќа ја заврши својата одисеја со Фенербахче.

Таа вест синоќа ја соопшти клубот од Истанбул, дека доаѓа до разделба со српскиот кошакрарски стратег.

Крај на една ера во Фенербахче, кој сега влегува во фаза и потрага по ново име за својот тим.

„Жељко ја донесе одлуката откако замина во својата земја, со својата фамилија. За жал од денеска тој повеќе не е тренер на Фенербахче. Ни го испрати својот одговор и одби продолжување на соработката. Ќе прави едногодишна пауза“, стои во соопштението на Фенербахче.

Многумина веднаш почнаа да шпекулираат дека Обрадовиќ би можел да го наследи Андреа Тринкиери во Партизан, доколку италијанскиот стратег замине.