Се силеше, ги навредуваше Хрватите, сега тој изигрува жртва

Контроверзниот канадски репрезентативен голман Милан Борјан ги сподели впечатоците по натпреварот против Хрватска на кој неговата селекција загуби со 1-4.

Канада е елиминирана, но главна тема се навредите кои хрватските навивачи ги упатија кон 35-годишниот чувар на мрежата на Црвена Звезда. Со месеци тој лично провоцираше, корегираше новинари кога ќе му речеа дека е роден во Хрватска, велејќи дека е тоа Српска Крајина за денеска тој да изигрува жртва.

„Навредите покажуваат какви луѓе се тие, примитивци. Добив 2.056 пораки и повици на кои хрватските навивачи навредуваат. Се се тоа деца кои не знаат што и како било. Што можам да кажам, животот оди понатаму“, рече Борјан.

Не ги заборави ни навивачите на Партизан кон кои, исто така упати провокација за која веројатно „утре“ повторно ќе глуми жртва.

„Хрватите ме потсетуваат на навивачите на Партизан бидејќи и тие ја навредуваат мојата сопруга. Едноставно, љубоморни се“, додаде канадскиот голман.

Канада денеска го постигна првиот гол на светските првенства, но се уште ги очекува првиот бод и првата победа. За разлика од мечот со Белгија, денеска беше тотално надиграна од Србија.