Се шпекулира за повлекување на Фетел, но Германецот појасни нешто повеќе околу тоа

Себастијан Фетел не успеа сезонава да го предизвика Луис Хамилтон сезонава скоро на ниту една трка, тој е под секое ниво на перформанси, но затоа неговиот тимски колега во својата прва сезона со Ферари, брилјира на патеката и веќе ја има првата победа со црвениот болид.

Изминатиот период се навестуваше дека Фетел размислува да стави крај на тркачката кариера, а неговиот досегашен молк одеше во прилог на тие шпекулации.

Тој пред неделното ГП во Италија, на патеката во Монца, која е „домашна“ за Ферари, истакна што следува понатаму. Тој има уште една година од договорот со Ферари, па образложи нешто повеќе околу тоа.

За еден германски возач, не би било типично да ветам нешто, но можам да кажам дека сум среќен овде. Се чувствувам како дома, како дел од една фамилија. Да продолжам со Ферари по 2020? Зошто да не!“, рече Фетел.

Оваа недела се вози ГН на Италија, на легендарната Монца, каде срцето на тифозите ќе чука со забрзано темпо, а круна на се би била победа на „црвените“.